Добредојдовте во еден од првите подкасти за наука во Република Македонија. Како што и самото име кажува, тука зборуваме на секакви научни теми, но тоа нема да биде сувопарно и здодевно, туку занимливо, критички и скептички. Ќе истражуваме на теми од секојдневието, ќе ги погледнеме од научен аспект, ќе зборуваме за научниот метод и ќе разговараме со научници и ентузијасти од земјава и странство. Целта ни е да ве инспирираме и да ве заинтересираме за науката, да ве убедиме дека тоа е најинтересниот и најефективниот начин на размислување и спознавање на реалноста.