Ууууу… теории на заговор. Едни посветено веруваат во нив, други се скептични, трети ги исмеваат. Но некои, како денешната гостинка во Наука за сите подкастот – Ана Стојанов – ги проучуваат. Поточно, Ана е љубопитна да дознае зошто воопшто луѓето веруваат во теории на заговор. Taa е социјален психолог кој има прошетано низ повеќе земји во текот на образованието. Моментално се наоѓа на Универзитетот во Отаго, Нов Зеланд. Во нејзините пошироки професионални интереси спаѓаат когнитивниот развој, социјалната когниција, политичката психологија и психометријата. Во оваа епизода заедно со Атанас Кирјаковски разговараат за верувањето во теориите на заговор и истражувањата кои Ана ги прави во нејзината лабораторија токму на оваа тема.
Содржина | Време |
---|---|
Вовед и самопретставување. | 00:08 |
Што се тоа теории на заговор? Што значи терминот „теорија“ кај луѓето кои не се занимаваат со наука и во каква смисла го употребуваат научниците? Употреба на терминот во секојдневниот живот и науката. | 02:20 |
Што е заговор? Што подразбира? Каква веројатност има заговорот да биде вистинит? | 06:07 |
Како на Ана ѝ се родил интерес да го истражува верувањето во теории на заговор? Дали студенти од различни дисциплини слично веруваат во теории на заговор? Што е тоа менталитет на заговор? Што го поттикнува? Дали веројатноста да постои одредена појава или настан делува врз верувањето во теории на заговор? Што е тоа менталитет на теории на заговор? | 07:28 |
Разлика помеѓу „верувам во нешто“ и „убеден сум во нешто“. Луѓето имаат проблем со прифаќање и сфаќање на стокастичноста. Детектираат шеми и шаблони во природата. Зошто тоа еволуирало? Хиперсензитивност во детектирање агенси во средината. Како е поврзано чувството на (немање) контрола со детекција на нешто што не постојат во средината? Дали човекот има предиспонираност за развивање на теории на заговор? | 15:03 |
Зошто луѓето во еден контекст се однесуваат и веруваат сосема рационално, а во друг сосема нерационално? Прифаќање на априори погрешна теза и подоцна користење „здрав разум“ за бранење на истата. Дали теоретичарите на заговор се логичен след на ренесансата? Каков вид на „истражувања“ прават? Како теоретичарите на заговор се разликуваат од вистинските научници? | 20:55 |
Како се одвиваат истражувањата во лабораторијата на Ана? Како влијае чувството на контрола врз верувањето на теориите на заговор? Потешкотии при изведувањето на експериментите. | 29:51 |
Дали и како влијатаат социјалните мрежи во однос на теориите на заговор? Што се тоа „ехо комори“? Механизми на „рационализација“ кај оние коишто веруваат во теории на заговор? Дали доколку се натераат да размислат околу механизмите на функционирањето на нивната теорија, дали ќе им се намали вербата во истата? Каква улога играат чувствата во однос на верувањето во ваквите теории? | 38:10 |
Како да се убедат оние коишто рационалните докази не ги земаат како валута во комуникацијата и размислувањето? Како да се убеди дека не е во право еден човек којшто верува во теории на заговор? Дали теоретичирате на заговор веруваат во факти и докази? Метатеорија на заговор. Луѓето во демократијата погрешно мислат дека сечие мислење е подеднакво вистинито и вредно. Како се доаѓа до знаење во науката? | 43:20 |
Што е тоа „Данинг-Кругер“ ефект и дали има поврзаност со верувањето во теории на заговор? Колку е важна свеста за самопроверка? Кои теории на заговор се најприсутни во Македонија? | 49:57 |