Компјутерски науки

Можност за 3-годишен истражувачки ангажман во МАНУ (оглас)

Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информациски технологии (ИЦКНИТ) при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) има потреба од ангажирање на научни соработници – истражувачи на проект, на период од 3 години, во рамки на истражувачката програма од областа на компјутерска невропатологија на психијатриски болести, во соработка со Њујоршкиот психијатриски институт при Универзитетот Колумбија во Њујорк.

ИЦКНИТ бараат мотивирани кандидати со докажани компјутерски вештини за работа на:

  • Позиција 1: а) протоколи за квантифицирање на клеточни структури во микроскопски слики од чевечкиот мозок со примена на широк спектар на морфометриски техники, како и б) иновативни решенија за оптимизација и забрзување на длабочинско фокусирање при ласерска микроскопија со користење на машинско учење. Претходно искуство во програмирање на длабоки невронски мрежи на GPU-процесори ќе се смета за предност;
  • Позиција 2: статистички модели на биолошки податоци од различен вид (молекуларни експресии на РНК, протеини, ДНК метилации, како и параметри на клеточна структура) со цел да се насетат потенцијални биомаркери на психијатриски заболувања. Претходно искуство со графички модели и машинско учење ќе се смета за предност.

Во огласот се подразбира дека кандидатите дипломирале компјутерски науки, електротехника, физика или математика, или сродни технички дисциплини, како и дека во рамки на додипломските и/или постдипломските студии или во професионален ангажман се стекнале со програмерски и пресметковни вештини релевантни за горенаведените истражувачки проблеми. Карактерот на тимската работа на проектот бара напредно познавање на англискиот јазик.

Ве покануваме Вашето CV придружено со мотивациско писмо (на англиски јазик, не подолго од една страна) да ги доставите до акад. проф д-р Љупчо Коцарев, раководител на проектот, на lkocarev@manu.edu.mk, најдоцна до петок, 5-ти февруари 2021.

Претходен написи
Дали навистина сме беспомошни?
Следен напис
КРАТКО И СЛАТКО: Заштити се од „фишинг“ напади

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Мени
Споделете со пријателите