ФИНКИ

КРАТКО И СЛАТКО: Заштити се од „фишинг“ напади

И оваа академска година Наука за сите ја продолжува соработката со проф. Владимир Трајковиќ и останатите кои го водеа предметот „Медиуми и комуникации“ (МиК) на ФИНКИ. Овој предмет има за цел да им ги пренесе на студентите основните поими од комуникатологијата како наука, како и да им го продлабочи знаење во примената на постоечките комуникациски техники и сознанија. Посебен осврт се дава на новите медиуми и начинот на кој тие влијаат во различни општествени сфери.

Првиот медиумски труд кој го објавуваме доаѓа од студентот Никола Јанев. Тој изработи сценарио и видео во кое ги објаснува опасностите од т.н. „фишинг (phishing)“ напади, односно злоупотреба на комуникациската технологија за нелегално прибирање податоци од корисниците.

Видео опис:

Сите знаеме како се лови риба, на јадица се закачува храна (најчесто тоа е црв) и се спушта во водата. Рибите мислат дека тоа е храна кои им ја даваме ние луѓето. Но што правиме ние? Ние го користиме црвот да ја измамиме рибата. Денеска фишинг нападите се почести и претставуваат сериозна закана за интернетот и годишно се губат милионски суми. Овие напади им се случуваат на луѓето, но знаеме ли зошто баш на нив, а не компјутерите кои ги користиме? Одговорот е јасен. Луѓето се најслабата алка уште од одамнешни времиња. Исто како и со рибите, со нив често се манипулира, се искористуваат со лаги и измами и ред други работи.

Денеска е лесно да се излаже, но дали можеме да ја препознаеме лагата? Доколку доволно сме паметни и ги препознаеме овие напади, лесно ќе можеме да се одбраниме. Со обучување на луѓето кои работат во компаниите, па и тие коишто не работат во нив, ќе можеме лесно да возвратиме на криминалците кои сакаат да ги добијат нашите податоци. За да се одбраниме или препознаеме ваков тип на напади, постојат повеќе начини. Најчест начин е да ја откриеме намерата која ја сака криминалецот. Најчесто тој бара некој емаил и пасворд, телефонски броеви, лични податоци како што се место на живеење, број на смета во банка, итн. Други начини се фишинг веб страници. Тие се претставуваат како легитимна компанија, го користат логото на вистинската компанија, истата страница. Замислете кликате на некој линк при пребарување на Гугл и ви излегува веб страница кој е копија на вистинската. Што би направиле? Дали мислите дека баш вие сте корисникот кој влегол со реден број 100 на оваа страница? Дали мислите дека некоја компанија би поклонувала лесни награди на овој начин? Ќе си речете ок, ова страница е лажна, но одите подолу и гледате легитимни корисници кои коментирале. Не! Тоа не се легитимни корисници. Нема зошто да ја пополнувате анкетата.

ИЗРАБОТИЛ: Никола Јанев


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

Barraclough, P. A., Hossain, M. A., Tahir, M. A., Sexton, G., & Aslam, N. (2013). Intelligent phishing detection and protection scheme for online transactions. Expert Systems with Applications, 40(11), 4697–4706. https://doi.org/10.1016/j.eswa.2013.02.009

Jain, A. K., & Gupta, B. B. (2018). Two-level authentication approach to protect from phishing attacks in real time. Journal of Ambient Intelligence and Humanized Computing, 9(6), 1783–1796. https://doi.org/10.1007/s12652–017–0616-z

Претходен написи
Можност за 3-годишен истражувачки ангажман во МАНУ (оглас)
Следен напис
КРАТКО И СЛАТКО: Што би се случило ако пчелите исчезнат?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Мени
Споделете со пријателите