ФИНКИ

КРАТКО И СЛАТКО: Што би се случило ако пчелите исчезнат?

Наука за сите го објавува вториот труд од групата на ФИНКИ под водство на проф. Владимир Трајковиќ по предметот „Медиуми и комуникации“ (МиК). Овој предмет има за цел да им ги пренесе на студентите основните поими од комуникатологијата како наука, како и да им го продлабочи знаење во примената на постоечките комуникациски техники и сознанија. Посебен осврт се дава на новите медиуми и начинот на кој тие влијаат во различни општествени сфери.

Овој труд го изработи студентот Стојанчо Велковски. Во него зборува за важноста на пчелите и што би се случило со екосферата доколку тие наеднаш би исчезнале.

Видео опис:

Заклучокот е дека пчелите се многу важен фактор во нашето опкружување. И покрај различните мислења, сигурно е дека светот без пчели ќе се промени, но не на подобро. Ова е уште една причина да се размислува за фактот дека сѐ што е создадено од природата е поврзано со еден синџир, па дури и инсектот, кој е незначаен на прв поглед, а поради неговото исчезнување може да се случи глобална катастрофа.

Ова накратко може да се опише со цитатот:

„Пчелите не се страшни страшен би бил светот без пчели“.

ИЗРАБОТИЛ: Стојанчо Велковски


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

Crane, E. (1990). Bees and beekeeping: Science, practice, and world resources. Comstock Pub. Associates.

Oliver, R., Theobald, T., & Hayes, J. (2011). Disappearing bees. Issues in Science and Technology, 28(1), 21–25.

Packer, L. D. M. (2015). Keeping the bees: Why all bees are at risk and what we can do to save them.

Spivak, M. (2013). Why bees are disappearing. TED Talk.

Stanimirović, Z., J. Stevanović., D. Ćirković (2009): Mogući uzroci kolapsa pčelinjih zajednica (CCD sindroma), interna predavanja. Fakultet veterinarske medicine, Univerzitet u Beogradu.

Претходен написи
КРАТКО И СЛАТКО: Заштити се од „фишинг“ напади

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Мени
Споделете со пријателите