Овде се наоѓа серијал преводи на научни текстови поврзани со човечкиот мозок. Преводите кои се постирани тука се оригинално објавени на Huffington Post, како дел од иницијативата на Организацијата за мапирање на човечкиот мозок (OHBM) за приближување на науката до пошироката јавност. Оваа соработка е остварена преку координаторот на блогот на OHBM, Никола Стиков, моментално професор по биомедицински инженеринг на Универзитетот во Монтреал, Канада.