Сѐ што е слатко – трае кратко. Денес го објавуваме последниот студентски труд од предметот Медиуми и Комуникации (МиК) на ФИНКИ во академската година 2019/2020. Оваа кратка статија ја напиша студентката Теодора Кочова и во неа зборува за еден современ метод на дијагностика на мозокот. Уште еднаш во името на Наука за сите им честитаме на сите студенти чии трудови беа објавени на нашата страница во текот на изминатите неколку недели и продолжете така момци и девојки, на прав пат сте!
Мозокот е еден од најнеистражените органи на нашето тело, истовремено и најсложениот. Стетоскопот пак од друга страна бил измислен бидејќи на неговиот изумител не му било пријатно да го поставува увото директно на градите на жена за да го слуша нејзиното срце.
Иако мозокот и стетоскопот немаат многу заедничко, заедничко им е тоа што благодарение на овој изум, денес мозочните удари можат да се спречат со навремени дијагностички прегледи и ултразвучно испитување на крвните садови во мозокот со помош Транскранијалниот доплер – TCD или популарно наречен „стетоскоп за мозок“.
TCD уредот за прв пат се појавува уште во дамнешната 1982 година и до денешно време постојано се усовршува. Тој е релативно евтин, брз и безболен, а основата на функционирање се заснова на ефектот на Доплер, односно звучни бранови удираат во крвните садови во мозокот и се рефлектираат звучно со различна фреквенција (Слика 1).

Најважна функција на TCD е мерењето на брзината на протокот на крв, а која се карактеризира со три компоненти: систолна брзина, дијастолна брзина и средна брзина. Покрај овие компоненти, се мери и индекс на пулсивност. Заедно со индексот на отпорност, се користат за проценка на отпорноста во васкуларниот систем.
Овој медицински апарат е од исклучителна важност за превенирање на мозочните удари, а посебно е важен за пациентите кај кои се регистрирани стеснувања на артериите, значително намален проток на крв или трајно запушени крвни садови. TCD е важна алатка и за проценка на церебрална хемодинамика кај болните пациенти.
Во целост, принципот на неговата работа (слично на стетоскопот) и неговата широка примена кај кардиоваскуларните болни, всушност и кумуваат на неговото популарно име – „стетоскоп за мозокот“.
ИЗРАБОТИЛА: Теодора Кочова
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА: Robba, C., Cardim, D., Sekhon, M., Budohoski, K., & Czosnyka, M. (2018). Transcranial Doppler: A stethoscope for the brain-neurocritical care use. Journal of Neuroscience Research, 96(4), 720–730. https://doi.org/10.1002/jnr.24148