Томе Ефтимов е роден во 1989 година во Струмица. Додипломските студии ги завршува на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје во 2011 година. Трипати е добитник на награда за исклучителни напори и достигнувања на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во текот на студирањето ја добива стипендијата за 125 талентирани информатичари, која беше доделувана од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Магистрирал во 2013 година во областа на теорија на информации и комуникации. Докторирал во 2018 година на Научно-истражувачкиот Институт „Јожеф Стефан” во Словенија, на тема „Статистичка обработка на податоци и обработка на природни јазици за нутриционизам”.
Од јануари 2019 година Ефтимов е постдокторски истражувач на отсекот за анализа на биомедицински податоци на универзитетот Стенфорд, Калифорнија, САД. Резултатите од научните истражувања на Ефтимов од последните пет години се објавени во меѓународни списанија со високи фактори на влијание, своето научно истражување го има претставено на повеќе меѓународни конференции и работилници, има одржано повеќе предавања поврзани со неговите истражувања на неколку Универзитети. Соработува со повеќе лаборатории и универзитети. Учествува во организација на повеќе меѓународни работилници и конференции и работи како рецензент во повеќе меѓународни научни списанија.
Содржина | Време |
---|---|
Добредојде и самопретставување. Томе зборува за неговите додипломски и постдипломски студии, докторатот, работата во лабораторијата на проф. Коцарев при МАНУ и неговото поле на интерес. | 01:07 |
Интерес во вештачката интелигенција. Што се тоа „биг дата”? Како се разликува истражувањето на биг дата од традиционалните методи? Кои се предностите? | 05:32 |
Зошто Томе ја доби наградата „Најдобар млад научник“ за 2018? Зборува за неговите постигнувања во неговото поле, наградите и признанијата, конференциите. Го опишува подетално неговиот опус на работа поради кој и ја доби наградата. | 08:41 |
Како му се роди љубовта кон математиката и физиката? Што Томе мисли за работата на професорите во Македонија во однос на нивните истражувања? Добра познавање од математика и физика отвора секакви врати во животот. Светот се движи кон комјутациони методи на анализа. | 11:48 |
Томе открива детали за неговата работа во МАНУ, одности истражувањето на безжичната комуникација. Ја опишува неговата работа во институтот „Јожеф Стефан“ во Словенија каде аплицирал компјутерски алгоритми за извлекување на податоци од нутрициони датабази. Според Томе, добар истражувач не се карактеризира со голем број цитати туку со љубопитност. | 14:56 |
Зошто луѓето имаат потешкотии со сфаќањето на статистиката? Дали изучување на статистички концепти е доволно застапено во македонското образование? | 23:16 |
Машинско учење, вештачка интелигенција, нивна употреба во анализа на податоци. „Црна кутија“ во вештачката интелигенција, на повидок ново поле на „машинско однесување“. Дали доволно знаеме за вештачката интелигенција? | 33:16 |
Планови за иднина. Совети за научниот развој во Македонија. Дали навистина науката е толку тешка колку што изгледа? Дали навистина е толку тешко да се правата експерименти и истражувања? | 52:20 |