Подкаст

Имуниот систем во борба против ракот: разговор со проф. Златко Трајаноски [#1]

КОРЕКЦИЈА: Во подкастот терминот „interstitial fluid” погрешно е преведен на македонски во „интестинална течност”. Правилниот превод е „интерстицијална течност”.

Во првата епизода на НАУКА ЗА СИТЕ, разговараме со еден од најцитираните македонски научници – проф. Златко Трајаноски којшто е долгогодишен шеф и професор во Дивизијата за биоинформатика при медицинскиот универзитет во Инсбрук, Австрија, и чија специјалност припаѓа во полето на компјутационата геномика. Неодамна, проф. Трајаноски одржа предавање во Македонската академија на науките и уметностите на тема “Пресметување и продирање во имунитетот на ракот”. Неговата лабораторија досега публикувала 118 оригинални трудови на оваа тема и 13 ревиски трудови во најреномираните светски научни списанија. Сите трудови заедно досега биле цитирани преку 11,000 пати.

Со него, во првата епизода на НАУКА ЗА СИТЕ зборуваме за најновите откритија во молекуларната биологија на ракот и развивањето на нови терапии против истиот коишто го искористуваат потенцијалот на нашиот имунитет, и ова сето, проф. Трајаноски го истражува со помош на суперкомпјутери. Тој во оваа епизода стрпливо, јасно и љубезно раскажува за генетиката и геномиката, за огромните комјутерски датабази коишто го содржат човечкиот код, за способноста на имуниот систем да навлезе во ткивото на ракот, за светските трендови на персонализирана и прецизна медицина, за можните кариери во неговата лабораторија, итн.

Во името на НАУКА ЗА СИТЕ му се заблагодаруваме за одвоеното време меѓу милијардите обврски коишто ги има во текот на денот за денешниов разговор преку скајп и сигурни сме дека повторно ќе имаме прилика да научиме уште повеќе од проф. Трајаноски за најновите технологии и терапии за лечење на ракот.

Уживајте.

СодржинаВреме
Вовед и добредојде. Проф. Трајаноски самопретставување.03:17
Нобеловата награда за физиологија и медицина и компјутерскиот пристап на професорот. Проф. Трајаноски ја објаснува новата парадигма на користење на имуниот систем во лекувањето на ракот.07:45
Дали геномот на клетките на ракот е ист со геномот на здравите клетки? Постојат огромни датабази на секвенционирани геноми на ракови кои треба компјутерски да се истражат.10:40
Колкава процесирачка моќ е потребна за анализа? Колку време е потребно да се симнат сиве овие податоци? Суперкомпјутери и алатки за анализа на податоците.12:25
Која е разликата меѓу генетика и геномика?13:32
Зошто имуниот систем не го препознава и не се бори против ракот без наша интервенција?14:17
Како се одвиваат истражувањата во лабораторијата на проф. Трајаноски, кои параметри вклучуваат во нивното моделирање?15:39
Имуниот систем има способност да навлезе во ткивото на ракот, но мистериозно останува неактивен.17:22
На кој начин се отстрануваат „кочниците” на имуниот систем со цел да се активира? Во што се разликува имунотерапијата од останатите методи на лечење на ракот како што се хемотерапија, радиотерапија итн.?18:38
Еволуција на ракот. Персонализирана медицина или специфична терапија за секој пациент посебно. Прецизна медицина и за колку време ракот ќе може да го излекуваме?25:04
Дали и колку машинското учење е присутно во анализата на геномските датабази?29:58
Во лабораторијата на проф. Трајаноски работеле и други истакнати македонски научници. Каков профил на истражувачи му се потребни и какви студенти можат да ја продолжат својата научна кариера во неговата лабораторија? Како се одвива еден типичен ден во истата?31:34
Со кои институции во Република Македонија би била возможна соработка?36:47
Со какви предизвици се среќаваат научниците при работата со геномските датабази?37:36
Дали секој може да биде научник и зошто постојат негативни стереотипи за науката и научниците? Како може да се поправи тоа?40:15
Заклучок44:18
генетикаимунитетимунотерапијаканцеркомпјутациона геномикаподкастраксуперкомпјутеритуморихемотерапија
Претходен написи
Светлината на оваа далечна супернова е зголемена и поделена на четири дела со помош на гравитациска леќа
Следен напис
За CRISPR (генетски) модифицирани бебиња

2 Коментари. Напиши коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите