Подкаст

Нова научна дисциплина: машинско однесување [#9]

Машините не се повеќе „само“ машини. Со развојот на технологијата и вештачката интелигенција, машините, односно нивните алгоритми се повеќе ги манипулираат луѓето и навлегуваат во секојдневниот живот.

Од нивната употреба да раководат со автономни возила, до тоа комплексни алгоритми да одредуваат кој да ви стане љубовен партнер – навикнете се модерната технологија се повеќе да ви се меша во животот. Машините и нивните алгоритми стануваат се покомплексни и поспособни и тоа им дава нова функционалност на овие силиконски суштества. Затоа, поголема група научници предлага таквото нивно „однесување“ да се проучува како посебна научна дисциплина, односно да се сфатат како релевантни елементи на современиот екосистем. Атанас Кирјаковски подетално го објаснува овој феномен во епизода 9 од Наука за сите подкастот.


Користена литература:

Rahwan, I., Cebrian, M., Obradovich, N., Bongard, J., Bonnefon, J.-F., Breazeal, C., … Wellman, M. (2019). Machine behaviour. Nature, 568, 477–486. https://doi.org/10/gfzvhx

екосистеминтеракцијакогницијамашининова дисциплинаоднесувањеорганизмиревиски труд
Претходен написи
Во светот на антиматеријата: разговор со физичарката Ангела Глигорова [#8]
Следен напис
Водич за тестирање на машката плодност (втор дел)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите