Подкаст

Во светот на антиматеријата: разговор со физичарката Ангела Глигорова [#8]

Од што е направена Вселената? Која е нејзината природа? Што е антиматерија и зошто постои далеку повеќе материја отколку антиматерија? Која е улогата на гравитацијата? – ова се само дел од прашањата кои се обидува да ги одгатне една од ретките Македонки, Ангела Глигорова, која како дел од Институтот за субатомска физика „Штефан Мејер“ при австриската Академија на науки, работи на експерименти во Европската организација за нуклеарно истражување (или скратено ЦЕРН). Во денешниов разговор со неа, кој го водеше Атанас Кирјаковски, објаснуваме концепти како „антиводород“ или „антипротон“, но и зборуваме за односот на јавноста и медиумите кон науката во Македонија, улогата на политичарите и потешкотиите со кои се соочуваат физичарите и другите научници во земјава. Огромна благодарност до Ангела за нејзиното одвоено време и се надеваме дека ќе уживате во разговорот.

СорджинаВреме
Добредојде и самопретставување. Каде има завршено Ангела и како стигна до тоа да работи во ЦЕРН. Добитник е на стипендијата „Марија Кири“ од Европската комисија.01:04
Што проучува ЦЕРН во глобала? Што е „Големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider)”? Која е улогата на „Големиот прасок (Big Bang)“ во создавањето на материјата и антиматеријата? Што е „Антипротон децелератор (Antiprotor Decelerator)”?07:49
Што се „материја“ и „антиматерија“? Од кои елементи се состојат? Што се кваркови? Што е „антиводород“? Како се вршат мерењата и како се одвиваат експериментите во кои учествува Ангела? Што конкретно истражува експериментот AEIGIS и што имаат пронајдено досега? Како се собираат и анализираат податоците? Што се случува кога материјата и антиматеријата се анихилираат?11:43
Зошто во Вселената има толку многу материја, а толку малку антиматерија? Што е CPT теорема? Како е дојдено до концептот на антиматерија? Кој е Пол Дирак? Како се откриени позитронот, антипротонот и антинеутронот?24:46
Зошто е потребно да се забавуваат честичките во експериментот AEGIS? Како се формира антиводорот? Како функционираат честичките на микрониво и како воопшто научниците ги „заробуваат“?29:30
Како некој заинтересиран физичар од Македонија би можел да се приклучи или придонесе кон експериментите од ЦЕРН? Кој сѐ може да работи во ЦЕРН? Каков е социјалниот живот и социјалната средина во ЦЕРН?33:56
Каква е состојбата со истражувањата од физика во Македонија и како земјава може да допринесе на глобално ниво? Потешкотии при наоѓање на трудови коишто се полесни за наоѓање во последните години поради појавата на SCI-HUB. Проблеми со кои се соочуваат македонските научници. Колку пари се одвојуваат за наука во Република Македонија во споредба со европските земји?38:39
Колку од политичарите и функционерите на власт во Македонија мислат на развојот на науката во земјата? Колку од нив воопшто се разбираат од наука? Каков е културолошкиот однос кон науката и научниците во Македонија? Дали луѓето имаат предрасуди и стереотипи? Што значи да се занимаваш со наука? Дали на науката ѝ се дава доволно значење во Македонија? Во што е убавината на науката и технологијата? Денес секој може да биде научник дури и во својата детска соба. Зошто медиумите, јавноста и политичарите не се заинтересирани за наука во Македонија?44:35
антиводородантиматеријаантипротонантипротонски децелераторатомибиг бенгголемиот хадронски судирачпозитронфизикаЦЕРН
Претходен написи
Ексел: генерирање пасворд со помош на табеларен уредувач [#7]
Следен напис
Нова научна дисциплина: машинско однесување [#9]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите