МУЗИКА: Purple Planet Music
Добредојдовте во вториот дел од епизодата за психологијата на епидемиите. Во првиот дел, односно епизода 12 од Наука за сите подкастот заедно со Гоце Симоноски ја аргументиравме потребата епидемиите да се решаваат мултидисциплинарно, односно објаснивме како психолозите, социолозите и когнитивните научници можат да им помогнат на епидемиолозите, лекарите и биолозите со совети за модификација на човековото однесување базирани врз научни докази.
Зборувавме за концептот на „физичко“ дистанцирање наспроти социјалното, улогата на медиумите и социјалните мрежи во време на епидемии, за еволуцијата на механизмите за детекција на опасност, за личната одговорност на индивидуалецот кон групата, за искуствата од другите земји, како и за македонската култура во контекст на епидемијава.
Во второт дел започнуваме со демистификација на теориите на заговор и лажните вести, можните начини на кои научната комуникација со населението може поефективно да се одвива со цел да го убеди да практивува здрави навики и совесно однесување, понатака разговараме за социјалната изолираност и осаменост и ред други интересни теми кои се релевантни во овој момент.
Содржина | Време |
---|---|
Теории на заговор во контекст на коронавирус епидемијата. Зошто луѓето веруваат во истите и кога и под какви услови се појавуваат? Која е „логиката“ позади истите? Кои се последиците од верувањето во теориите на заговор? Кај кои луѓе најприсутни се теориите на заговор? | 01:55 |
Кој е ефектот на лажните вести во ситуацијава? Зошто се толку присутни и зошто брзо се шират? Како може да се превенираат? Како може јавноста да се едуцира за истите? | 13:32 |
Зошто е непродуктивно само да се обвинуваат луѓето без да се едуцираат за нивното несовесно здравствено однесување? | 17:05 |
Кои се препораките од психолошки аспект во однос на епидемиите? Зошто е потребно психолозите и когнитивните научници да бидат дел од комисијата за заразни болести? Како да се убедат луѓето во Македонија да ги почитуваат мерките и како да се самозаштитат? Зошто кредибилитетот на оние кои ги даваат пораките е важен? Како недовербата кон политичарите влијае на непридржувањето кон мерките? | 18:26 |
Каква култура е македонската култура и кој е нејзиниот ефект во контекст на епидемијава? Зошто е важно да се вклучат религиозните лидери и останатите локални авторитети во решавањето на проблемот? Како да се комуницира со религиозни луѓе за да се убедат да се самозаштитат? Дали треба да се проба методот на наградување наместо методите на казнување? Како да се искористи феноменот што луѓето социјално учат и се имитираат едни со други? | 23:14 |
Како да се промовира локална, национална и глобална соработка? Зошто е битно да се соработува и зошто себичното однесување во контекст на епидемиите е непожелно? Зошто е битно експертите и интелектуалците на ваквите теми да бидат општествено поактивни? Зошто е битен и добар лидершип и зошто мора да се има лидерска одговорност? | 34:12 |
Кои се психолошките последици од забраната на движењето за време на епидемиите? Која е разликата меѓу осаменоста и изолираноста? Дали социјалните мрежи помагаат во случајов? Каква социјална комуникација препорачуваат когнитивните и бихејвиоралните научници? | 41:51 |
Зошто мора да се отарасиме од политичката коректност? Зошто мора отворено да зборуваме за проблемот со коронавирусот? Која е поената да се биде интелектуалец во ситуацијава? Одјава. | 46:16 |
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА: Bavel, J. J. V., Baicker, K., Boggio, P. S., Capraro, V., Cichocka, A., Cikara, M., Crockett, M. J., Crum, A. J., Douglas, K. M., Druckman, J. N., Drury, J., Dube, O., Ellemers, N., Finkel, E. J., Fowler, J. H., Gelfand, M., Han, S., Haslam, S. A., Jetten, J., … Willer, R. (2020). Using social and behavioural science to support COVID–19 pandemic response. Nature Human Behaviour, 4, 460–471. https://doi.org/10.1038/s41562-020-0884-z