Подкаст

Астрономија и радиотелескопи: разговор со Александар Шулевски [#6]

Денеска разговараме на теми од астрономијата со Александар Шулевски кој професионално се занимава со оваа наука работејќи на радиотелескопот LOFAR (Low Frequency Array) и проектот AARTFAAC (The Amsterdam-ASTRON Radio Transients Facility And Analysis Center) при Универзитетот во Амстердам, Холандија. Во разговорот ни се придружи и музичарот и композиторот Гоце Симоноски кој претходно учествуваше во нашиот подкаст и кој истовремено поседува долгогодишен интерес кон проучувањето на вселената. Во епизодава разговараме на најразлични теми – од неутронски ѕвезди, па се до тоа зошто астрономијата е скоро целосно отсутна во Македонија.

Содржина Време
Вовед, претставување на гостите Александар Шулевски и Гоце Симоноски. Подетална биографија на Шулевски, неговата работа во LOFAR и AARTFAAC радиотелескопските проекти. Галактички јадра, транзиенти и експлозии. Поврзаност со светските обсерватории како LIGO Virgo. Детектирање на гравитациски и радио бранови. 00:05
Што е радиотелескоп? Како изгледа и како работи? Телескопи за детекција на гама зраци, телескопи на сателити. Како изгледа и како работи телескопот LOFAR? „Слушање“ на вселената. Создавање визуелна слика за објекти преку анализа на нивните звучни особености. Термални и нетермални феномени во телескопијата. 09:47
Како воопшто Александар почнал да се занимава со астрономија? Кога и како му се родила желбата за тоа? Зошто во Македонија нема факултет и студии по астрономија? Кои се причините за ваквата лоша состојба? Дали воопшто во Македонија имало основа за развој на ваквите науки? Дали е развиена астрономијата во соседните држави? Од што зависи развојот на ваквите научни институции? Активноста на астрономските друштва во Македонија. Меѓународни конкурси за астрномија. Каков вид на астрономија може да се развие во земјава релативно евтино? 18:49
Колку Македонија и нејзината географска местоположба се погодни за градење на астрономски обсерватории и истражување на вселената? Како земјава може да се вклучи во светските текови и истражувања? Идеја: трансформација на поранешни станици за сателитска телевизија во радиотелескопи. Зошто на Балканот и Југоисточна Европа воопштно не постојат радиостаници за астрономско истражување? Африка е пред Балканот во однос на радиоастрономијата. 26:32
Подетално навраќање на радиотелескопот LOFAR, негов опис, начинот на којшто работи, фреквенциите коишто ги истражува. Собирање на сигнали од радиотелескопот и нивно процесирање со помош на суперкомпјутер. Проучување на разни космички феномени. Што се тоа неутронски ѕвезди? Што се случува кога една супернова ќе експлодира? Што се тоа пулсари? Дали неутронските ѕвезди се претвораат во црни дупки? Како воопшто настануваат црните дупки? Враќање назад во времето преку проучување на процесите на зрачење во вселената. 33:15
Што се тоа квазари? Каде се наоѓаат? Зошто се корисни? 45:18
Кои се најбизарните вселенски објекти кои ги лабораторијата на Шулевски ги има откриено во текот на нивните истражувања и дали смета дека постојат вонземјани? Проблем со астрономската терминологија на македонски јазик, односно немање преводи на многу астрономски концепти. КоиКои се најбизарните вселенски објекти кои ги лабораторијата на Шулевски ги има откриено во текот на нивните истражувања и дали смета дека постојат вонземјани? Проблем со астрономската терминологија на македонски јазик, односно немање преводи на многу астрономски концепти. Кои места во вселената се најдобри кандидати да се најде вонземски живот? 48:12
Дали процесот на еволуција е универзален во вселената? Што сè игра улога во појавата на животот на други планети? Доколку постојат вонземски битија, дали е можно да се контактираат? Навраќање кон проектот SETI. Дееволуција на прогресот. 55:34
Македонија има недостаток на научни содржини објавени на македонски јазик. Наука за сите е единствен проект кој се обидува да ја популаризира науката во земјата. Неверојатно е тоа што нема ниту научни емисии на радио или телевизија. Како не им текнува на уредниците и новинарите во Македонија да промовираат наука. Дали научниците се доволно видливи и визибилни во земјата? Како за држава која тврди дека промовира наука, Наука за сите иницијативата за чудо е игнорирана. Има некои портали за наука, но повеќе се сведени на публикување неоригинални содржини преку преведување на туѓи авторски статии. Потребна е трибина за науката во Македонија. Кај нас дури и нема официјално тело за оценување на научни грантови. Одјава. 01:00:45
AARTFAACLOFARастрономијавонземјанивонземни цивилизациивселенанеутронски ѕвездителескопцрни дупки
Претходен написи
Верување во теории на заговор: разговор со Ана Стојанов [#5]
Следен напис
Што е „менталитет на заговор“?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите