Денешната тема е науката на спортот, поточно физиологијата и психологијата на боречките вештини со акцент на Бразилското џиу џицу (БЏЏ), но секако, сè што ќе слушнете денес е применливо во најголем дел и кај сите други видови спортови. Eдниот од соговорниците во денешнава епизода, Алек Јакимовски, веќе подолго време спортува разни боречки вештини и е носител на кафеав појас во БЏЏ. Другата соговорничка, д-р Јасмина Плунчевиќ–Глигороска по професија е лекар, специјалист по спортска медицина и е вонреден професор на Институтот за медицинска физиологија и антропологија при Медицинскиот факултет од Скопје.
Бидејќи разговорот го снимавме преку интернет, се извинуваме поради, на моменти, лошиот квалитет на аудио снимката, но разговорот е сосема разбирлив – не полош од квалитетот на звукот како кога зборувате преку телефон. Затоа, стиснете плеј, опуштете се и уживајте. Спортот погледнат и разбран од научна перспектива станува уште поубав!
Содржина | Време |
---|---|
Вовед | 00:06 |
Д-р Јасмина самопретставување. | 01:29 |
Алек самопретставување. Бразилското џиу џицу генерално и состојбата на овој спорт во Република Македонија. | 02:59 |
Во што се разликуваат боречките спортови од останатите спортови? | 07:20 |
Зошто некој би се занимавал со боречки спортови во кои нивото на стрес е исклучително високо? Каков профил на луѓе се тоа? Боречките спортови како адаптација на телото да се справи со стрес. | 10:06 |
Што е физиологија на медицината? Како се правата физиолошки мерења во спортот, кои параметри се мерат, зошто се мерат и што проучуваат? Кои телесни системи се најбитни во проценката на здравјето на спортистот? | 19:23 |
Што се тоа аеробно и анаеробно вежбање и како се разликуваат едно од друго? | 24:51 |
Низ што поминува еден борец во текот на подготовките? Како се менува неговото тело и психа? Како и колку допринесува исхраната? Како се функционира мозокот при физичка и замислена активност? | 29:32 |
Што значи да се биде во „топ форма“ од физиолошки аспект? | 34:47 |
Филозофијата и принципи на Бразилското џиу џицу. Видови на зафати во овој боречки спорт. | 37:34 |
Зошто луѓето се онесвестуваат при зафати како што се гушењето и давењето? Што всушност претставува губењето свест? Што се случува во мозокот и телото при хипооксија. | 42:30 |
Спортски повреди во Бразилското џиу џицу. | 48:52 |
Зошто во екот на борбата помалку или воопшто не се чувствува болка, туку повеќе се чувствува кога ќе се „оладиме“? Зошто воопшто мускулите се замораат и не можат долготрајно да бидат активирани? | 56:29 |
Заклучоци и одјава | 01:01:40 |