Денешнава епизода е малку поразлична од претходните. Во неа нема друг соговорник со кој обично разговараме на интересни теми. Атанас Кирјаковски, соло, започнува подкатегорија во која планира почесто да дискутира на одредени научни прашања или пак по негов избор селектира и презентира значајни и интересни научни трудови.
Темата на оваа епизода е машинското учење. Што претставува тоа? Каде и како се употребува? Какви видови на машинско учење разликуваме? Што се тоа big data, односно „големи податоци“ и на кој начин го стимулираат создавањето и развивањето на машинското учење? Слушнете повеќе во самата епизода.
Користена литература:
Jordan, M. I., & Mitchell, T. M. (2015). Machine learning: Trends, perspectives, and prospects. Science, 349(6245), 255–260. https://doi.org/10/f7kcgq