Подкаст

Еволуција на музиката: разговор со композиторот Гоце Симоноски [#2]

Во оваа епизода зборуваме за музиката. Обично таа се доживува како уметнички израз, како уметнички феномен, нешто што треба да се слуша и да се твори, но многу малку за неа размислуваме како за биолошки феномен, т. е. како некаква функција којашто произлегува од мозокот, слично на сите останати функции како говорот, вниманието, меморијата, итн.

Некои научници сметаат дека музиката заедно со јазикот е уникатна за човекот и универзална помеѓу човековите култури низ светот и покрај фактот што постојат разни видови на песнопојни птици и китови коишто комуницираат сонарно, но сепак овие видови не ја достигнале софистицираноста на звукот како што ја достигнал човекот. Човековата музика, во било која форма, пренесува разни емоции, информации, предизвикува чувства коишто се прилично длабоки, прилично сатурирани и интензивни. Сето ова ја прави музиката уникатна и како форма на комуникација.

Токму за неа, повеќе се обидуваме да дознаеме заедно со Гоце Симоноски кој е музиколог, музичар, композитор и наставник во средното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец” од Тетово. Истовремено Гоце е и изведувач на музика и е гитарист во добро познатиот тетовски бенд “High Control”, продуцент којшто стои позади продукцијата на многу познати бендови и песни во Република Македонија. Неодамна запиша додипломски студии по психологија затоа што е силно заинтересиран подлабоко да ја разбере музиката од психолошки и биолошки аспект. Можеби и нема подобар соговорник од него за целите на оваа емисија во која се обидуваме да ја разбереме музиката како функција на мозокот. Гоце е и авторот на онаа прекрасна музичка тема којашто ја слушате на почетокот од секоја епизода на овој подкаст.

Тука детално разговараме за тоа што претставува музиката според Дарвин, што Херберт Спенсер и Стивен Пинкер мислат за неа, дали таа е поврзана со јазикот и говорот, дали е застапена кај животните, дали е застапена кај превербалните бебиња и воопшто како можеме да гледаме на музиката од научен аспект.

Содржина Време
Вовед, добредојде и самопретставување. 00:41
Што е музика? Каква е нејзината еволуција и што Дарвин и Спенсер претпоставувале. Адаптивно и неадаптивно објаснување на потеклото на музиката. 05:46
Социјална улога на музиката, средство за идентификација и синхронизација на групи, појачувач на кооперација на индивидуалците во групите, музиката во функција на социјална кохезија. 12:51
Кој е соодносот меѓу музиката и јазикот? Колку таа е слична со јазикот и неговата структура? Дали музиката и јазикот се хомологни? Два различни когнитивни модули. 17:08
Емотивната поврзаност помеѓу музиката и јазикот. Просодијата во говорот како мост кој ги поврзува двата модули. 28:19
Иако примарно размислуваме за музиката како арт-форма, сепак не смее да се заборави дека таа произлегува од функционирањето на мозокот и дека може да се разбере нејзината биологија. 31:19
Музиката има силна наследна компонента што значи дека генетиката игра важна улога во музичките способности. 33:48
Сумирање на разговорот и заклучоци. 35:49
бебињабиологијаговорграматикаеволуцијаемоцииживотниистражувањајазиккомуникацијамозокмузикаподкастпросодија
Претходен написи
Кога мрзата е начин на живеење
Следен напис
Од физиката до биологијата: разговор со д-р Илија Дуковски од Универзитот во Бостон, дел 1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите