Подкаст

Универзум, луѓе и машини: разговор со астрофизичарот Марко Шунтов [#11]

МУЗИКА: Purple Planet Music

Астрофизичарот Марко Шунтов е најновиот член на тимот Наука за сите и е еден од ретките луѓе коишто одат чекор понапред во разрешувањето на мистериите на универзумот. Со љубопитност голема колку и самиот универзум, со макотрпна работа и знаење, како дел од Сорбона универзитетот, ги проучува најдалечните галаксии, заедно со темните невидливи делови кои тивко тлеат во утробата на универзумот. Покрај одличниот тим на научници и соработници, во неговиот поход му помагаат и машините – нивните паметни алгоритми стануваат се подобри и подобри во идентификувањето на досега непознатите галаксии. Затоа, не ја пропуштајте волшебната Маркова приказна во оваа 11-та епизода од Наука за сите подкастот во којашто тој ја открива во разговор со Атанас Кирјаковски.

Содржина Време
Добредојде и самопретставување. Како Марко стана дел од Наука за сите тимот? Која е неговата биографија и како го заинтересирала астрофизиката? Што треба прво да се направи за да се студира астрофизика? 01:54
Дали формално постои разлика помеѓу астрономија и астрофизика? 06:29
Како Марко успеа да стигне до познатиот Сорбона универзитет? Дали кога се бира каде да се студира, поважно е да се избере добра научна група и квалитетни ментори отколку име на универзитет? 08:26
Што точно работи и истражува Марко? Што се обидува да открие во својата докторска теза? Кои длабоки прашања за универзумот се обидува да ги одговори? 12:55
Како се мери оддалеченоста на галаксиите и останатите објекти во вселената? Што е „поместување кон црвениот дел од спектарот“ на светлината и зошто е важно? 16:00
Како се употребува машинското учење во проучувањето на вселената? Како Марко дојде до идеја да употребува т.н. „конволуциски невронски мрежи“ во неговите истражувања? Како машините учат да препознаваат галаксии? Како се одвива соработката и комуникацијата со компјутерските научници? 20:14
Што се црни дупки, темна материја и темна енергија? Иако е невидлива, како знаеме дека темната материја е насекаде околу нас? 30:55
Честопати наизменично се користат термините „вселена“, „космос“ и „универзум“. Дали овие термини исто значат или има некои суптилни разлики? 35:53
Што мисли за научно-фантастичните филмови како астрофизичар? Дали се корисни или не? Што мисли Марко за филмот „Интерстелар“? 37:46
Koj e впечатокот на Марко за состојбите со астрономијата и астрофизиката во Македонија? Како мисли дека може да се промени кон подобро? Како може генералната перцепција на науката исто така да се подобри? Зошто младите научници се иселуваат од земјата? Зошто од мала возраст мора да се учи научниот метод и критичкото размислување? Кои се неговите искуства од школите во Марсеј? 41:04
Блиц прашања: дали има вонземјани и живот на други места во вселената? 48:53
Кои се нашите опции за човековата иднина во универзумот? Како може човештвото да опстои? 50:46
Пораки до оние коишто сакаат да се занимаваат со астрономија во иднина, поздрав и одјава. 53:59
алгоритмивселенагалаксиикосмосневронски мрежирадиотелескопитемна енергијатемна материјауниверзум
Претходен написи
Во потрага по првите ѕвезди со LOFAR
Следен напис
„Невидливата“ опасност

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите