Биолошки науки

Човечка рипка не се мрднала од место седум години

Човечките рипки, водоземци кои живеат во пештерите на Балканот, можат да издржат години без храна.

Следејќи приказни за змејови, Јанез Вајкард Валвасор во 1689 година патувал до Врхника, град кој денес се наоѓа во Словенија. После обилен дожд, животинчиња кои личеле на бебиња на змејови, се појавиле во водата која се излеала од пештера: можно ли било да во пештерата всушност живее мајка-змеј? „Змејчињата“ всушност биле вид на водоземци, човечки рипки, кои растат до триесет сантиметри и живеат до сто години.

Безбојни и слепи, човечките рипки ја чувствуваат светлината со кожата. Уште понеобично е дека имаат чувство за електрично и магнетно поле. Тие исто така се мошне мрзливи. Според статија неодамна објавена во списанието Journal of Zoology, една човечка рипка не се мрднала од место цели седум години.

„Тие се одлични пливачи“, вели Гергели Балаш, зоолог од Етв’с Лоранд универзитетот. Човечките рипки „би можеле да се движат наоколу, да пробаат различни места за да видат дали таму соседите се подобри или има повеќе плен (храна)… Но, едноставно не го прават тоа“. Балаш и неговите колеги започнаа да проучуваат човечки рипки во пештери во источна Босна и Херцеговина пред повеќе од десетина години. После неколку нуркања, истражувачите почнаа да приметуваат дека некои од човечките рипки не се помрднале од место. Во 2010 обележале седум, а во 2016 деветнаесет човечки рипки. На тој начин го следеле движењето, да видат колку далеко се поместиле откако биле претходно видени. Од триесет и седум следени човечки рипки, само три се поместиле повеќе од дваесет метри. Една човека рипка била најдена на истото место 2 569 дена, или нешто повеќе од седум години.

Пар човечки рипки сликани во Постојнска јама во Словенија.
Пар човечки рипки сликани во Постојнска јама во Словенија. (ИЗВОР: Wikipedia)

Човечките рипки живеат во пештери каде што нема многу храна, и можат долго, месеци или години да опстанат без да јадат. Не се дружељубиви, се парат еднаш на 12 години и немаат предатори. Заради тоа изгледа, немаат голем ќар од движење, како што вели Метју Нимилер, биолог кој специјализира на пештери од Универзитетот на Алабама. „Вие да бевте дождалец кој се обидува да преживее во оваа средина без многу храна и да најдете добро место каде ќе си држите територија, зошто би ја напуштиле“, вели Нимилер.

Повеќето водоземци ги губат надворешните шкрги со текот на растењето, но човечките рипки никогаш не ја прераснуваат фазата на ларва. Во неодамнешната студија, Балаш и неговите колеги проценуваа дали овие животни биле возрасни според нивната големина. Човечките рипки поголеми од 18 сантиметри се сметаат за возрасни. Ларвите се осетливи на инфекции, така што многу од нив умираат млади, но човечките рипки кои успеваат да достигнат возрасност живеат повеќе од еден век.

Човечките рипки се евидентирани како осетливи видови (во опасност од изумирање) затоа што живеат во мало и специфично живеалиште, поделено на многу пештерски системи. За нив се интересирале многу научници, од Чарлс Дарвин, кој ги нарекол „хаварии од древниот живот“, до Дејвид Атенбороу, кој ги вклучил во списокот на десет вида кои највеќе би сакал да ги спаси од изумирање. „Човечките рипки живеат бавно“, вели Атенбороу, „што е веројатно нивната тајна за долговечност… и можеби е лекција за сите нас“.

АтенбороуБосна и ХерцеговинаДарвиндолговечностмагнетно поленуркањепештерисловенијачовечки рипки
Претходен написи
Психологијата на епидемиите (ПРВ ДЕЛ) [#12]
Следен напис
Бесплатни учебници од разни научни области

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.