Хемиски науки

Црвено вино или сок од цвекло – во која чаша се крие тајната за подолг живот?

Во 1992, Ренауд и ДиЛонгерил го откриваат добро познатиот „Француски Парадокс“. Нивото на морталитет во Франција се покажало парадоксично и неочекувано ниско во споредба со останатите индустриализирани земји и покрај истата конзумација на заситени масти. Оттука следува и прашањето, која е тајната за долг живот кај Французите?

Нискиот процент на коронарни срцеви заболувања измеѓу француската популација споредена со другите популации се базира врз нивната висока консумација на црвеното вино, т.е. несаканите ефекти од високо масната храна се намалуваат со консумирањето на црвено вино. Ваквите истражувања имаат привлечено големо внимание за да се пронајдат основните состојки во виното кои стојат зад ова негово својство. Но и покрај виното, некој би се запрашал дали и другите напитоци или зеленчуци со црвена боја имаат нешто заедничко со виното и притоа поседуваат слични својства!? Биолошката активност на црвеното вино и цвеклото, во овој краток извадок, ќе ја објасниме од перспектива на нивниот антиоксидативен капацитет.

Антиоксидантите претставуваат класа на разни видови хемиски соединенија кои имаат важна улога при неутрализирање на слободните радикали кои се создаваат во нашето тело како резултат на разни хемиски реакции. Слободните радикали, високо реактивни соединенија, се создаваат во организмот при стресни ситуации. Хемиски, тие се соединенија кои се дефицентни од електрони во орбитите на нивното јадро (Слика 1). Така негативно електризирани, мора да позајмат електрони од други стабилни соединенија кои се околу нив. Овој процес на „позајмување електрони“ придонесува до оштетување на стабилните соединенија кои неможат да функционираат во повеќе биолошки процеси. Еден од факторите кои доведува до ослободување на високо реактивни соединенија е на пример изложувањето на УВ зраци. Слободните радикали напаѓаат биолошки витални молекули (ДНК, протеини, масти итн.) и на тој начин допринесуваат до нивно оштетување. Оштетена ДНК акумулира голем број на мутации кои можат да предизвикаат промена на генетиката на еден организам и да придонесе до развој на разни заболувања како што се артеосклероза, невродегенереција, Алцхајмер и други. И покрај способноста на многу антиоксиданти во нашиот организам да ги балансираат слободните радикали, при зголемен број на слободни радикали потребен е придонес на антиоксиданти кои се наоѓаат во разни видови на храна.

Слика 1
Слика 1. Неутрализација на слободен радикал со позајмување на електрони од антиоксидант (обработено од futurederm.com).

Антиоксиданти во црвеното вино: Aнтоцијанините и ресвиратролот, претставуваат една важна класа на флавоноиди (пигменти) молекули присутни во црвеното вино (исто така присутни во боровинките) и потенцирано е дека токму овие биомолекули се одговорни за антиоксидативното својство на црвеното вино.

Антиоксиданти во црвеното цвекло: Цвеклото содржи црвени (бетацијанини) како и жолти (бетаксантини) пигметни, заедно познати под името бетанини. Најприсутен пигмент е бетанинот со 75-95% застапеност. Тој се користи за oбојување на разни млечни производи, напитоци, слатки и др. Покрај пигментите кои поседуваат антиоксидативни својства, цвеклото изобилува со витамини измеѓу кои се и витамините: Б1, Б2, Б6 и витаминот Ц (антиоксидант).

Анализи

Како се одредува целовкупниот антиоксидативен капацитет во црвеното вино и цвеклото?

За да се одреди антиоксидативниот капацитет на црвеното вино и цвеклото можат да се користат повеќе методи. Еден од нив е електрохемискиот метод (ЕЦД) со кој врз основа на бројот на разменети електрони меѓу примерокот (вино или сок од цвекло) и електродите на инструментот, може да се одреди антиоксидативниот капацитет на примерокот. Истиот метод се користи глобално при контрола на состојбата на храна.

Слика 3
Слика 2. Чаша вино (лево) и чаша сок од цвекло (десно). 400 г цвекло даваат околу 200 мл сок, а чаша вино содржи околу 180 мл. Според анализите од долунаведеното истражување, антиоксидативниот капацитет е повисок во сокот од цвекло (десно), споредено со чаша црвено вино (лево) [1].


Како се мери капацитетот на примерокот?

Со помош на електрична струја во инструментот за анализирање примерокот се изложува на оксидација (давање електрон) и редукција (губење електрон). Инструментот има сензор кој ја детектира оваа размена или трансфер на електрони. Крајните резултати од едни вакви анализи се прикажани во Табела 1. Според Табела 1, калкулации за да се одреди антиоксидативната активност во една пореална слика се овозможени. Поголема количина (изразена во број на молекули) значи поголем антиоксидативен капацитет на примерокот.

Слика 2
Табела 1. Антиоксидативен капацитет од четири видови на црвено вино и цвекло анализирано со ЕЦД метод и пресметано во милимол (број на молекули) ферозин [1].

Притоа, ако се земе во предвид чаша вино и чаша свежо подготвен сок од црвено цвекло, сокот од цвекло содржи поголема антиоксидативна активност. И притоа нема да го изоставиме и фактот дека од две чаши цвекло нема да се поднапиеме, нели? Нашето подрачје изобилува со црвено цвекло како и добри видови на црвени вина кои се застапени на нашите пазари. Затоа нека една од овие напитоци биде дел од вашето секојдневие.

Не заборавајте дека иако антиоксидативното својсво на црвеното вино и цвеклото овде се потенцирани, тие се само дел кој позитивно влијае врз целосното здравје на еден човек.

Наздравје!


Поважни термини:

Антиоксидативен капацитет – Целовкупниот број на слободни радикали (молекули) кои се неутрализирани од страна на сите антиоксиданти во еден примерок (црвено вино, сок од цвекло итн.).

Антиоксиданти – молекули кои спречуваат оксидација(губење на електрони од еден атом) на други молекули.

Слободни радикали – молекули кои имаат непарен број на валентни електрони. Поради тоа имаат висока реактивност и се краткотрајни.


  1. B. Mojsoska et al. (2008). Measurement of the antioxidant capacity of wine and beetroot extract by biochemical and electrochemical methods (Bachelor project RUC)  ↩

Забелешка:

Коментар од читател за написот.
Одговор од авторката на коментарот.

антиокстидантивинослободни радикали
Претходен написи
Абортус со помош на пилула – денес е реалност
Следен напис
Коментар од читател на “Црвено вино или сок од цвекло – во која чаша се крие тајната за подолг живот?”

5 Коментари. Напиши коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.