
Билјана Мојсоска
7 написи
Д-р Билјана Мојсоска е доцент по органска хемија и микробиологија во Факултетот Роскилде. Родена е во 1987 г. и доаѓа од Струга. Завршува гимназија како дел од првата генерација на „Јахја Кемал“ колеџот од Струга каде што покажува успех во полето на биологијата и хемијата на национални натпревари.
Интересот ја одведе во далечната ладна Данска на студии по молекуларна биологија и хемија. Завршува дипломски студии и поради статусот како најдобар студент на генерацијата добива државна стипендија да ги продолжи своите студии исто така во Данска.
Магистрира на истиот отсек и се вработува како докторанд по медицинска микробиологија (Roskilde University), изработувајќи тема „пронајдок на нови видови антибиотици и нивните својства – антимикробални пептиди и нивните миметики”.
За време на пост-докторските студии, работела во Центрот за цистична фиброза при Главната Болница во Копенхаген и Центарот за биооддржливост при Данскиот факултет за технички науки (Rigshospitalet and DTU Center for Biosustanability) истражувајќи ја комплексноста на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Моментално работи како доцент на факултетот Роскилд во Данска и со нејзиниот тим работи на синтеза на нови антибиотици и нивната активност преку протеомика и генетика. Сѐ уште крши јазици со данскиот, а во слободно време ужива во сликарството и музиката.