Група на археолози од Националниот институт за антропологија и историја на Мексико, минатата недела објави дека во централно Мексико е пронајдена локација со голем број на остатоци од мамути. Тие исто така веруваат дека се работи за стапица за мамути која ја поставиле луѓе пред околу 14,000 години. Ова е прв доказ дека луѓето ловеле мамути со стапици. Остатоците од скелети биле пронајдени во Тултепек, во близината на градилиште за нов аеродром на Мексико Сити. Некои од пронајдените коски имаат трагови од орудија кои покажуваат дека животните навистина биле ловени. „Мамутите тука живееле илјадници години, покрај други видови, вклучувајќи коњи и камили“, вели археологот Луис Кордоба.
Истражувачите велат дека најмалку пет стада живееле во регионот. Ова не е прво откритие од ваков вид. Во 1970-те, при ископувања за метрото во Мексико Сити, исто така биле пронајдени остатоци од мамути.
(* Кликнете на сликите за да ги погледнете зголемени.)