Вести од науката

Најсмртоносната болест на светот, уништува над 500 видови жаби

Габична болест (инфекција) која ја напаѓа кожата и предизвикува срцев удар кај водоземците, официјално е регистрирана како најсмртоносен патоген на светот. Болеста предизвика пад на бројноста на популацијата на над 500 видови жаби, крастави жаби и дождовници. За над 90 од овие видови се смета дека се изумрени, додека кај 124 видови, 90% од популацијата изумрела и се претпоставува дека тие видови нема да се извлечат и најверојатно ќе изумрат.

За хитридната габа (chytrid fungus) одговорна за овој пуздер со латинско име Batrachochytrium dendrobatidis или кратко Bd, и претходно се претпоставуваше дека довела до изумирање на 200 видови на водоземци. Во нов труд објавен во научниот магазинот Сајенс, научниците сугерираат дека бројот на видови загрозени од оваа болест е повеќе од двапати поголем. Меѓународниот тим од 41 научник покажа дека глобалната пандемија, предизвикана од габата Batrachochytrium dendrobatidis (но во помала мерка и од видот на габа Batrachochytrium salamandrivorans [Bsal]) влијае на бројноста на еден од 16-те видови на водоземци кои ѝ се познати на науката. Венди Пален, биолог од универзитетот Сајмон Фрејжер, во интервју со Карл Зимер за Њу Јорк Тајмс вели дека со забележаните бројки на смртност „оваа болест заслужува да се нарече најсмртоносен патоген кој ѝ е познат на науката.“

Зимер вели дека научниците првпат забележале необјаснив пад на популацијата на жабите во 1970-те. И покрај тоа што овие водоземци живееле во нечепната природна средина, бројот на жаби непрестано опаѓал и во текот на 80-те добар дел од нив изумреле. До 1998 година – кога научниците конечно го идентификувале патогенот – штетат веќе била неповратна. Шеесетина видови дотогаш веќе изумреле и многу други биле на пат да исчезнат.

Генетски студии во 2018 година покажале дека Batrachochytrium dendrobatidis потекнува од Корејскиот полуостров. Како што пишува Ед Јонг во Атлантик, инфицираните животни веројатно се пренеле низ целиот свет на бродови или пак биле извезувани како храна, миленчиња, па дури и како тестови за бременост. Денес, болеста е присутна во повеќе од 60 земји и најтешко ги погодува Австралија, Централна Америка и Јужна Америка.

Габата го напаѓа протеинот кератин во кожата на водоземците. Пренесувајќи се преку контакт или низ инфицирана вода, оваа водена габа „јаде“ низ овој протеин во кожата, ја забавува функцијата на организмот и на крај предизвикува срцев удар.

За жал, борбата против овој организам изгледа е невозможна, вели Ерик Стокстад во Сајенс. Причината е дека некои водоземци се отпорни на болест, и со тоа стануваат „природен резервоар“ на преносители кои ја шират болеста.

Batrachochytrium dendrobatidis е уште еден клинец во ковчегот за состојбата на водоземците низ светот”, велат Пале и Ден Гринберг, исто така од универзитетот Сајмон Фрејжер, во коментар објавен во Сајенс.

болестивидовиводоземцигабадождовницижабиинфекцијапатогенсмртноносна
Претходен написи
Во светот на „бајките“: eвтини возбудувања
Следен напис
Зошто некои не го сфаќаат коронавирусот сериозно: проф. Атанас Кирјаковски за 360 степени

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите