Вести од науката

Шумските пожари во Австралија создаваат сопствена микро-клима

Бирото за метеорологија на државата Викторија во Австралија соопшти дека тамошните пожари сега се доволно големи да создадат своја сопствена клима, во вид на невреме со грмотевици.

Причината за ваквото невреме е создавањето на необични облаци за време на пожарите, таканаречените пирокумулонимбуси. Имено, топлиот чад од огромните пожари создава вертикални воздушни струи кои кога ќе се оладат на големи висини се кондензираат во облаци, кои содржат и пепел од пожарите. Овие облаци предизвикуваат грмотевици, кои пак можат да предизвикаат нови пожари.

Научниците се загрижени дека овој вид на облаци се појавува сè почесто, пред сè поради зголемените температури и сè поинтензивните шумски пожари. Понекогаш воздушните струи предизвикани од пожарите се доволно јаки да доведат до појава на торнадо. Токму такво огнено торнадо беше забележано минатиот петок во Австралија.

Права за насловна фотографија: Glen Morey AP

Австралијаеколошка катастрофаклимаоблаципожаричадшуми
Претходен написи
Редок генетски синдром открива како модерниот човек еволуирал „попријателско“ лице
Следен напис
Мапата на мозокот: разговор со биоинженерот Томи Бошковски [#10]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите