Вести од науката

ВИ алгоритам може да ги научи законите на квантната механика

Вештачката интелигенција може да биде искористена за предвидување на молекуларните бранови функции и електронските особини на молекулите. Новата ВИ метода, развиена од група на научници од Универзитетот во Варвик, Техничкиот универзитет во Берлин и Универзитетот на Луксембург, може да се искористи за забрзување на процесот на дизајн на лекови или нови материјали.

Вештачката интелигенција и машинското учење рутински се користат за препознавање на лица или ракопис. Новиот алгоритам оди чекор понатаму и успева да научи како да ги реши фундаменталните равенки на квантната механика, со имплементација на длабока невронска мрежа. Решавањето на овие равенки со класични методи може да трае со месеци на високо-ефикасни компјутери. Со новата метода, равенките се решаваат за неколку секунди на лаптоп или мобилен телефон.

Д-р Рајнхард Маурер, хемичар, член на тимот од Универзитетот во Варвик, вели: „Ова беше тригодишен заеднички проект, за кој беше потребна експертизата на компјутерски научници да развијат ВИ алгоритам доволно флексибилен за да ги долови обликот и однесувањето на брановите функции, но исто така (беше потребна) и експертизата на хемичари и физичари да ги процесираат и претстават квантно-хемиските податоците на начин на кој алгоритамот ќе може да ги обработи.“

Проф. д-р Клаус Роберт-Милер од Институтот за софтверско инженерство и теориска компјутерска наука на Техничкиот универзитет во Берлин, вели: „Оваа интердисциплинарна работа е важен напредок затоа што покажува дека ВИ може ефикасно да ги изведе и најтешките аспекти на квантно-молекуларните симулации. За неколку години, ВИ методите ќе се воспостават како есенцијални делови на истражувачкиот процес во компјутерската хемија и молекуларната физика.“

Членот на тимот од одделот за физика и истражување на материјали на Универзитетот на Луксембург, проф. д-р Александер Ткаченко, вели: „Овој труд овозможува ново ниво на дизајн на соединенија, при што и електронските и структурните особини на молекулата можат истовремено да се подесат за да се постигне одреден критериум, пожелен за примена.“

Права за насловна фотографија: koto_feja via Getty Images

алгоритамбранови функциивештачка интелигенцијаквантна механикакомпјутерска хемијамолекуларна физика
Претходен написи
Музиката и етологијата
Следен напис
Редок генетски синдром открива како модерниот човек еволуирал „попријателско“ лице

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите