Колку е страшна ситуацијата со корона вирусот?

Со цел да не се дига ПАНИКА за новиот коронавирус, во прилог Ви испраќам есенцијални бројки и статистики според кинеското CDC.

Сумирано, ситуацијата не е страшна, СЗО и CDC препорачуваат да се биде подготвен (alert), но не и анксиозен (anxious).

СЕРИОЗНОСТ НА ЗАРАЗЕНИ:
80.9% oд случаите се благи (mild)
13.8% oд случаите се посериозни (severe)
4.7% од случаите се критични (critical).

МОРТАЛИТЕТ НА ЗАРАЗЕНИ СПОРЕД ВОЗРАСНА ГРУПА:
10–39 години, 0.2% (2 од 1000 заразени)
40–49 години, 0.4% (4 од 1000 заразени)
50–59 години, 1.3% (10.3 од 1000 заразени)
60–69 години, 3.6% (36 од 1000 заразени)
70–79 години, 8% (80 од 1000 заразени)
80+ години, 14.8% (148 од 1000 заразени)

МОРТАЛИТЕТ НА ЗАРАЗЕНИ СПОРЕД ХРОНИЧНА БОЛЕСТ:
Кардиоваскуларни 10.5% (105 од 1000)
Дијабетес 7.3% (73 од 1000)
Хронична респираторна болест 6.3% (63 од 1000)
Хипертензија 6.0% (60 од 1000)
Канцер 5.6% (56 од 1000)
Без постоечка хронична болест 0.9% (9 од 1000)

Сумираниот морталитет е 3.36% (2595/77262) во Кина и 1.1% (23/2069) надвор од Кина според податоци од 24.02.2020.

Значи морталитетот зависи од возраста и хронични болести. Постарите и болните луѓе имаат зголемен ризик за фаталитет. Здрави и млади луѓе имаат многу низок ризик за фаталитет. Кај 4/5 од луѓето новиот коронавирус предизвикува благи симптоми!

Во светот ДНЕВНО умираат од ГРИП скоро исто толку луѓе колку што досега починале од НОВИОТ КОРОНАВИРУС.

Обични луѓе, лекари, сестри НЕ ДИГАЈТЕ ПАНИКА!

Официјално информациите се објавени и во научното списание JAMA. Секако, ако се измени ситуацијата ќе се изменат и препораките. Според мене SARS и MERS беа многу поопасни, со 5-30 пати повисок морталитет од SARS-CoV-2.

* Фејсбук напис на авторот.

Претходен напис
Канализацијата ги открива вашите пороци
Следен напис
Секој ден е драгоцен во борбата со коронавирусот: 15 прашања за проф. Елисавета Стикова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Мени
Споделете со пријателите