
Горан Кунгуловски
16 написи
https://www.researchgate.net/profile/Goran_KungulovskiГоран Кунгуловски е роден на 03.10.1986 во Ресен. Основношколските денови ги поминал како еден од најдобрите ученици, футбалери и главни пакосници во основното училиште “Мите Богоевски” во Ресен. Средношколските денови му се состоеле од пиење на ефтино вино, младешка бунтовност и љубов кон наука. Важел за еден од најдобрите ученици во ДСУ “Цар Самоил” во Ресен и во 2003 година бил награден со стипендија за освоено прво место на државен натпревар по биологија.Ескапизам 1: големата љубов кон биологијата и желбата да избега од родното Ресен го натерала да се запише на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 2005 година на Биохемиско-физиолошка насока, каде што дипломирал со просек над 9, во 2010 година. Во текот на универзитетските студии исто така бил награден со државна стипендија за талентирани студенти.Ескапизам 2: големата љубов кон молекуларната биологија и желбата да избега од родната Македонија го натерала да се запише на магистерски студии на Јакобс Универзитетот во Бремен во 2010 година, каде што студирал Молекуларни Науки и магистрирал со највисок успех во 2012 година.
Копнежот на неговиот ментор за повисока плата (што значело и преселување од лабораторијата во Бремен во лабораторијата во Штутгарт) го натерала да се запише на докторски студии по Биохемија и Молекуларна Епигенетика на Универзитетот Штутгарт, кадешто докторирал со највисоки почести во 2015 год во областа на хроматинско мапирање и уредување.Моментално работи како пост-докторант на истиот универзитет и продолжува да живее несреќно во Германија.