Лични ставови

АПЕЛ: Зошто е потребен масовен скрининг на популацијата за новиот коронавирус

Д-р Горан Кунгуловски е еден од основачите на Наука за сите кој сега професионално работи и истражува во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од ПЗУ „Жан Митрев“. Повремено пишува лични ставови на НЗС. Овојпат, Горан има свои видувања и предлози за надминување на епидемијата предизвикана од коронавирусот, поточно тој повикува на масовен скрининг на популацијата.

Што ќе биде потенцијалниот бенефит од масовниот скрининг?

  1. Ќе ни го каже приближно вистинскиот број на заразени. Сега не го знаеме. Масовниот скрининг во Јужна Кореја (сега почнува и во САД) покажа дека најголем број од носителите на вирусот се младите (20–29 г.) коишто немаат никакви или имаат благи симптоми. Најранлива група се старите со хроницитет. МОЖЕБИ ВАКА ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЈ ИМА ВИРУС, КОЈ НЕ. Ако откриеме еден човек што на друг начин не би го откриле и спасиме неколку животи, вреди тие неколку милиони евра.
  2. Ќе се одредат локални жаришта на болеста и на државно и на градско и на маалско ниво. Ваквите кластери не само што ќе овозможат студирање на болеста и нејзиното распространување, туку ќе може да се направат и математички модели коишто ќе претпостават што ќе се случи следно. Колку повеќе информации, толку подобар модел. МОЖЕБИ ЌЕ НИ ПОМОГНАТ ДА БИДЕМЕ ВО ЧЕКОР СО БОЛЕСТА.
  3. Знаејќи ги кластерите на заразени и нивната демографска дистрибуција, ќе се овозможи подобра распределба на ресурси. На пример ако има 100 заразени во Битола и 10 заразени во Тетово, не може во двете да има еднаков број на респиратори, туку ќе бидат поскладно распределени. Војската ќе прска и дезинфицира соодветно. Истата логика за се, во зависност од големината на жариштето. МОЖЕБИ ПАМЕТНО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ РЕСУРСИТЕ.

  4. Бидејќи луѓето се социјални битија, ќе има недоговорно однесување и недоволна социјална дистанца и изолација. Од морето на неодговорните ќе се знае колку се заразени, колку не. НА ЗАРАЗЕНИТЕ НЕОДГОВОРНИ ќе им се даде мотив (морален и правен) да се изолираат.

  5. Психолошки луѓето ќе се осеќаат како да имаат контрола врз ситуацијата, а истовремено ќе бидат послушни и ќе ги следат правилата на социјално дистанцирање и изолација.

Што е негативната страна на масовниот скрининг?

  1. Можно е да е предоцна и нема да има силен удел како во горенаведеното. Значи ќе се изгубат неколку милиони евра на тестови и градење на пунктови за земање на брисеви. МАЛ РИЗИК, ГОЛЕМА ПОТЕНЦИЈАЛНА ДОБИВКА. Македонскиот народ ќе знае дека сме дале сѐ од себе.

Завршни зборови

Македонија има инфраструктура и опрема да направи масовен скрининг на 30 000 луѓе месечно. Потрошувачката ќе биде отприлика 25 ЕУР по тест. Владата може да ги достави тестовите до сите институции со тие капацитети и тие да бидат бесплатни за граѓаните. Досега Министерство за здравство многу одговорно и дисциплинирано си ја вршеше работата (и во споредба со многу понапредни земји). Не би сакал сето тоа да падне во вода поради ваква ситна инвестиција и превид. Неколку земји како Јужна Кореја, Бахреин, па сега почнува и САД, храбро влегоа со масовен скрининг, бегајќи од епидемиолошкиот конзерватизам и се осврнаа на технологијата. Треба и ние да бидеме храбри и неконвенционални.

И секако без разлика дали ќе има масовен скрининг или не, луѓето треба да ги следат препораките за СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ, ИЗОЛАЦИЈА, МИЕЊЕ НА РАЦЕ И БИДУВАЊЕ МАЈМУНИ (мајмуните земаат од продавници само она што им треба). ТЕСТИРАЊЕ, ОТКРИВАЊЕ, НАОЃАЊЕ НА КОНТАКТИ, ТЕСТИРАЊЕ (repeat).

Споделувајте за да стигне таму каде што треба да стигне.

* Оригинално напишано како Фејсбук напис на авторот.

Претходен напис
Зошто епидемиите се шират експоненцијално и како да се „израмни кривата“
Следен напис
Обраќање за медиумите на директорот на СЗО по повод COVID–19 на 16 март 2020

1 Коментар. Напиши коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Мени
Споделете со пријателите