Тука е прикажан еден интересен алгоритам направен во табуларен уредувач кој ќе ви помогне да го пресметате времетраењето на дадена музичка композиција преку броење на ноти од нејзината партитура. Теоретски, ова би можело да биде основа за развивање на компјутерски систем кој автоматизирано би ги броел нотите, би ги категоризирал според нивното индивидуално времетраење и во сооднос со глобалното темпо на композицијата, би го пресметувал нејзиното вкупно времетраење.
Документот од видеото може да го погледнете и спуштите тука.