Пред неколку недели излезе веста за смртта на жена од Соединетите Американски Држави, која починала од бактериска инфекција предизвикана од супер резистентна бактерија, дури и на најдобриот антибиотик. Појавата на резистенција кон антибиотици е сериозен глобален проблем и ако сте повеќе заинтересирани за оваа област, можете да прочитате некои од нашите претходни написи.
Добрата вест во борбата против развојот на бактериските резистенции на голем број антибиотици доаѓа од државниот институт во Орегон, каде тим на научници направиле молекула кој има способност да ја острани резистенцијата и да ја врати во првичната форма. Еден од начините на кој бактериите шират резистентност е преку генот кој го кодира ензимот New Delhi Metallo-beta-lactamase (NDM–1). Овој ензим може да уништи разни антибиотици и со тоа да ја намали нивната активност. Ново-откриената молекула го напаѓа овој ензим и го деактивира.
За повеќе информации, прочитајте го следниов линк и имајте убав викенд!