Сигурно сте слушнале за проектот на мапирање на човековиот геном или Human Genome Project. Наредно следи проектот на мапирање на човековиот мозок или Human Brain Project. Овој проект ќе биде голем предизвик на тим од 750 научници од 26 земји и е кофинансиран од Европската унија. Целта е да се добие знаење од поширок размер за интеракцијата на невроните, патот на молекулите кои го помагаат сигнализирањето помеѓу мозочните клетки, итн. Информациите од сите истражувања се со цел подобро да се разберат болестите како што се Паркинсоновата, Алцхајмеровата и др. Разбирањето на овие процеси би придонело до откривање на нови лекови кои би помогнале при опоравувањето на несаканите мозочни промени.
За повеќе информации за овој проектот прочитајте на следниве врски: