Вести од науката

Епигенетско наследување?

Молекуларниот биолог Одед Рекави и тимот од неговата лабораторија сметаат дека постои и дополнителна форма на биолошко пренесување на информации од една генерација на друга покрај онаа, генетската.

Со нивните истражувања, тие тврдат дека ги предизвикуваат „основните догми во однос на наследувањето и еволуцијата“, односно феноменот на наследување да се врши исклучиво преку ДНК кодот од родителите кон потомството. Користејќи нематоди („цевчести црви“) како модел, Одед тврди дека во текот на животот на еден родителски организам, се создаваат мали парчиња на РНК (попримитивна верзија на ДНК која се смета за нејзин еволутивен предок), кои се пренесуваат на следните генерации и регулираат гени во геномот на потомството. Според него, ова е силен доказ за концептот на „епигенетско наследување“, како дополнителен биолошки механизам покрај генетското наследување. Погледнете ја неговата интересна TEDx презентација во која подетално ги објаснува своите тврдења.

генетикагениДНКеволуцијаепигенетиканаследувањенематодирнк
Претходен написи
Нова метода една седмица одржува во живот црни дробови вон телото
Следен напис
Кратка историја на универзумот: создавање и еволуција на структурите

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пополнете го ова поле
Пополнете го ова поле
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.

Споделете со пријателите