
Гордан Ристовски
9 написи
Гордан Ристовски доаѓа од Богданци и уште од рана возраст пројавува интерес за Математика и природни науки. Овој интерес и многу напорна работа вродуваат со дипломи од државни натпревари и македонски математички олимпијади кои Гордан ги користи како отскокна даска за влез како стипендист во Јахја Кемал колеџот во Скопје. Со желба да ги искористи напредните математички концепти во пракса, тој се запишува на програмата за компјутерски науки во интернационалниот универзитет Jacobs во Бремен, Германија каде што е до ден денес. Таму е фасциниран од тајните и потенцијалите на компјутерската графика и визуелизација и истражува на бројни проекти меѓу кои “Анимација на џвакање”, “Визуелизација на информации добиени од системи за следење на движењето на очите”, “Визуелизација на крвни садови”… Моментално, како дел од докторската работа, се обидува да ја претстави постоечката несигурност во медицински слики на докторите и радиолозите што ги анализираат истите, со цел да тие бидат сигурни во поставувањето на дијагнози и планирањето на операции кај пациенти и да се избегнат непотребни операции и грешки.
Додека е во Брeмен, Гордан станува дел од студентскиот парламент, организира бројни активности и настани, и е еден од основачите на “Наука за сите”.
Кога му останува слободно време сака да патува, да се дружи, да плива и да гледа Game of Thrones.