
Симона Шенбакар
3 написи
Детството го минува на релација Скопје - Берово, каде школските денови ги поминува во ОУ “Димитар Миладинов„ во Центар, а летните и зимските одмори низ боровите на Малешевските планини, каде и се раѓа незаменливата љубов кон природата и љубопитноста за нејзиното функционирање.
Многу брзо сфаќа дека биологија и е омилен предмет, па уште како средношколка во гимназијата “Јахја Кемал„ учествува на повеќе меѓународни натпревари од истоимената област каде се здобива со повеќе награди. На 18-годишна возраст заминува за Германија, каде ги започнува додипломските студии по Биохемија и Клеточна Биологија на Јакобс Универзитетот во Бремен. Магистерските студии по Фармацевтска Биотехнологија ги завршува на универзитетот Мартин Лутер во Хале, Германија, како еден од најдобрите студенти во генерацијата.
Патот ја враќа во Македонија, каде првичното работно искуство е во областа на асистираната репродукција како андролог во ИВФ лабораторијата во приватната клиника Ремедика.
Во моментов, живее и работи во Келн, во биотехнолошката компанија Милтенји Биотек како Глобален продукт менаџер за асистирана репродуктивна технологија, а попатно ги подготвува своите втори магистерски студии од областа на бизнис администрација.
Течно говори Англиски, Турски и Германски, а во слободното време ужива во јога, музички концерти, театар, прошетки низ природа, добра книга, но и не толку продуктивни активности како шопинг и денгубење на Нетфликс.