
Александар Шулевски
6 написи
Моментна локација - Гронинген, Холандија.
Позиција - истражувач поврзан со радио интерферометарот за ниски фреквенции LOFAR и постдокторант при институтот за астрономија на Универзитетот во Амстердам (UvA) - Холандија.
Поле на истражување - радио астрономија, радио остатоци од активни галактички јадра, SETI, инструментални ефекти и калибрација при нискофреквентни радио набљудувања.
Контакт – a.shulevski@uva.nl.
Кратка биографија: Роден во Битола 1978 година, завршил основно и средно образование (електроника и телекомуникации) во родинот град. Уште од најрана возраст се интересира за астрономија и методи на истражување. Учесник на натпревари од областа на физика и практична астрономија, освоени две први места на државни натпревари, ко-основач на астрономското друштво во Битола (1996 година).
Дипломира на насоката електроника и телекомуникации на Електротехничкиот факултет во Скопје (ЕТФ) со дипломска работа поврзана со машинско учење - дигитална обработка на астрономски фотографии. Запишува магистерски студии на ЕТФ од областа на користење вејвлети при обработка на слика (можеби некогаш ќе ги заврши).
Запишува дидипломски студии по астрономија на универзитетот во Лајден, Холандија. По дипломирањето продолжува со магистерски студии на истиот универзитет (истражувачка насока). Истите ги завршува со магистерски труд поврзан со калибрација на телескопот LOFAR. Запишува докторски студии на универзитетот во Гронинген (Холандија). Докторската дисертација ја брани во Февруари 2015 на темата користење на LOFAR за пронаоѓање и проучување на радио остатоци на активни галактички јадра.
Активен во повеќе студентски и професионалки организации, посветен на популаризација на астрономијата. Кога може, чита и (поретко) пишува научна фантастика, заинтересиран за теорија на комплексност, и општествена одговорност на наката. Активно лобира за правата на научите работници и е против парадигмата “објави или пропадни”. Астрофотограф, татко, сопруг и хуманоид.