Милка Љончева
4 написи
Mилка Љончева е докторант и млад истражувач на Институтот „Јожеф Стефан“ во Љубљана, Словенија, на одделот за Науки за животната средина. Како стипендист на Фондот за развој на човечки ресурси и стипендии на Р. Словенија, својот докторат го започнува во 2017 година. Работи во областа на идентификација на нови органски загадувачи, нивни метаболити, деградациски и трансформациски продукти во водени средини (отпадни води, реки, езера и вода за пиење) употребувајќи гасна хроматографија, масена спектрометрија и машинско учење. Во текот на својот докторат работи и во областа на контрола на квалитет (надворешна ревизија) и профилирање на производи од канабис произведени во Р. Словенија, како и во светски интерлабораториски студии за генерирање на референтни датабази за идентификација на нови органски загадувачи со помош на гасна/течна хроматографија и масена спектрометрија со висока резолуција. Во 2018 година е избрана за еден од 35-те најдобри докторски и магистерски студенти во Европа кои учествуваат на Биокампот организиран од Лек и Сандоз. Во 2015 година магистрира на Фармацевтскиот факултет во Скопје со истражувачка работа во областа на фармацевтската технологија, имено формулација на наночестички за насочено делување на цитостатици. За време на студиите е демонстратор на Катедрата за фармацевтска технологија, Студентски правобранител за Фармацевтски факултет и стипендист на АД „Алкалоид“. Зборува 7 јазици, танцувала преку 15 години во повеќе фолклорни друштва и глумела во три театарски претстави. Затоа за себе смета дека, доколку не би била заинтересирана за истражување и наука, лингвистиката и уметноста би го одредиле нејзиниот професионален пат.