Ирена Стојковска
2 написи
https://irenastojkovska.weebly.com/Родена сум, израсната и образувана во Скопје, во кое имав среќа да се вработам и да основам семејство – сопруг и две деца. Работам како професор на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде во моментов предавам неколку предмети од областа на применетата математика, математичко програмирање (оптимизација) и статистика. Математиката одсекогаш била дел од мојот живот. Дете сум на настaвник по математика, па математичките проблеми влегоа многу рано во мојот живот и останаа таму, видоизменувајќи се од година на година, онака како што ги проширував и продлабочував математичките знаења. Додека работев на докторатот од областа на стохастичките оптимизациони методи, ја запознав и математиката како наука, а подоцна се впуштив и во научни истражувања од областа на моделите на залихи, статистичкото моделирање и математичкото образование. Посебна чест и гордост ми претставува добивањето на наградата за најдобар научник во 2013 година доделена од мојот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Интересот за науката воопшто како двигател на човештвото и постојаната потрага по вистината добија смисла кога почнав поинтезивно да творам и делувам на полето на популаризација на математиката. Уредник сум на математичкиот портал ПОИМ, основач и уредник на едукативниот веб сајт Математика + и главен координатор на годишните семинари Математика и примени со научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика. Одмор од математиката ми се викендите со семесјтвото, нашите заеднички активнисти, прошетки, патувања, а понекогаш и некоја добра книга.


