• Науки
    • Астрономија
    • Биолошки науки
    • Когнитивни науки
    • Компјутерски науки
    • Математички науки
    • Општествени науки
    • Технологија
    • Физика
    • Хемиски науки
  • Сцена
    • Вести од науката
    • Интервјуа
    • Лични ставови
  • Соработки
    • ОHBM
    • ФИНКИ
    • Читатели
  • Училница
    • Ексел
  • Научници
  • Подкаст
Адриана Заровска
1 напис
Адриана Заровска ја здогледува светлината на денот на 27.12.1988 година во Скопје. Најмладиот град во Македонија-Пробиштип, е градот на нејзиното детство каде го завршува основното образование, а подоцна се запишува на природно-математичката насока во гимназијата ”Наум Наумовски-Борче”. Нејзината љубопитност и неисцрпната желба за стекнување на нови знаења и ги исполнуваат школските денови со голем број на екстракурикуларни активности, државни натпервари, курсеви и членувања во невладини организации. Добитник е на стипендија за талентирани ученици. Оние кои добро ја познаваат велат дека е вљубеник во природните науки, а особено медицината уште откако знае за себе. Токму таа нејзина вљубеност и трудољубивоста и овозможуваат да се запише на Медицинскиот факултет на Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј” во Скопје како една од ретките кои успеваат со максимално освоени поени да го положи приемниот испит. За време на студирањето, како дел програмата за студентски размени поминува по неколку месеци летна пракса на разни клиники низ Европа, како клиниката Kralovske Vinohrady во Прага, Р. Чешка и универзитетската болница ”Louis Pasteur” во Кошице, Словачка. Токму на овие студентски размени започнува да ја запознава методологијата и основите на медицинската научно-истражувачка работа. После предвидените шест години го завршува Медицинскиот факултет, но со тоа не завршува нејзината желба за наука и желбата да го запознае светот одблизу. Нејзината нескротлива природа ја носи во Торино, Италија каде што се запишува на второстепени Мастер студии по Клиничка Епидемиологија и Биостатистика како еден од добитниците на стипендија од програмата EraWeb, организирана од страна на Универзитетот во Ротердам, Холандија. Неодамна стана еден од добитниците на наградата ”Maccacaro premio” за надобар млад истражувач. Во моментот работи на својата теза во CPO Piemonte(Центар за истражување и онколошка превенција), а во фокус на најзиното истражување се теми од областа на гинекологијата, интерната медицина и јавното здравство. Кога има малку слободно време обожава да го помине во природа-на планина. Пишувањето поезија и возењето велосипед отсекогаш биле нејзина страст.
Биолошки науки

Абортус со помош на пилула – денес е реалност

Наука за сите има за цел да ја промовира науката и технологијата на македонски јазик и на начин прифатлив за пошироката публика. НЗС цврсто се потпира на интердисциплинарна соработка и вмрежување на македонски и странски научници и ентузијасти.

Нашето место во Млечниот пат

Лишаите се неочекувано сложени организми

Репрограмирање од еден тип на клетки во друг тип на клетки

Не заборавајте да го преслушате единствениот подкаст за наука во Македонија!
Facebook
X
Е-пошта
YouTube
SoundCloud
RSS
© 2020 Наука за сите