Илче Георгиевски
3 написи
http://www.ilche.ioИлче е роден во Битола каде завршува средно училиште во гимназијата „Јосип Броз Тито„. Таму пројавува интерес кон применета математика и се запишува на отсекот компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор, Словенија. По дипломирањето заминува на докторски студии на универзитетот во Гронинген, Холандија. Таму се запознава со потребата од автоматизација на контролата на комерцијални згради со цел подобрување на комфорот на луѓето и заштеда на енергија, и за да ја оствари таа цел, го проучува проблемот на автоматска композиција на сервиси преку планирање со вештачка интелигенција. Моментално е постдокторски истражувач на истиот универзитет во Гронинген. Работи на мултидисциплинарен проект којшто има за цел да ги направи Гронинген и Пекинг паметни градови. Истовремено е и технолошки консултант во стартап компанија за паметни згради.